Линкови за пристапност

Иран врачи одговор за нуклеарниот предлог


Иранските државни медиуми јавуваат дека владата одговорила на предлог-договорот за нуклеарно гориво постигнат со посредство на ОН. Телевизијата Ал-Арам соопшти дека пратеник го предал одговорот до Меѓународната агенција за атомска енергија на ОН (ИАЕА) во Виена. Засега не се познати детали на одговорот.

Претходно, иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад изјави дека неговата земја нема да се откаже од нуклеарната програма, но е „подготвена да соработува“ со западните сили на договорот за нуклеарно гориво постигнат со посредство на ОН. Во говорот во градот Машад на североисток на земјата, што беше пренесуван на телевизија, Ахмадинеџад коментираше дека западните земји се придвижиле „од конфронтација кон кооперација“.

Предлогот на ИАЕА предвидува Иран да испраќа ураниум во странство, каде би се збогатувал на ниско ниво, доволно за употреба во истражувачки реактор. Целта е Иран да не збогатува ураниум на ниво што може да се употреби за нуклеарно оружје.

Група нуклеарни инспектори на ОН во четвртокот се врати во Виена од посетата на претходно тајна постројка за збогатување на ураниум во Иран. Водачот на четиричлената група Херман Накертс позитивно ја оцени посетата.

XS
SM
MD
LG