Линкови за пристапност

Американското производство во пораст, пад на продажбата на нови домови


Втор пат во изминативе три месецие забележан пораст кај клучна мерка во американското производство, меѓутоа продажбата на новоизградените домови во земјата е во опаѓање.

Според владин извештај објавен во средата, новите нарачки од фабриките за трајни или скапи производи чиј рок на употреба е повеќе години, е во пораст за еден процент за месец септември.

Добивките во производниот сектор се причината што многумина економисти очекуваат извештајот на Одделот за трговија, што треба да биде објавен во четврток, да покаже дека американската економија повторно бележи развој по падот од неколку последователни квартали.

Во одвоен извештај на Одделот за трговија, пак, се наведува дека продажбата на нови домови опаднала за 3,6 проценти во септември.Доколку продажбата продолжи со ова темпо цела година, свои сопственици ќе добијат само 402.000 домови.

Трендот може да се должи на завршувањето на владината мерка за даночно олеснување за Американсците кои за прв пат купуваат стан или куќа.

Според новинската агенција Ројтерс, постои одредена поддршка кај обете партии во Сенатот за продолжување на рокот на оваа мерка.


XS
SM
MD
LG