Линкови за пристапност

Меркел даде заклетва за втор мандат на функцијата канцелар на Германија


Германската канцеларка Ангела Меркел даде заклетва на функцијата за втор мандат застанувајќи на чело на нова коалиција која ветува зајакнување на најголемата економија во Европа преку даночни олеснувања и реформи во здравството.

Меркел, која има 55 години, заклетвата ја положи во средата во Берлин, еден месец по победата на изборите во Германија. Во просториите на зградата на парламентот, заклетва положија и припадниците на централно-десничарската коалиција, на чие чело е таа.

Конзервативците на Меркел минатиот месец освоија доволен број гласови за да стават крај на неудобната „широка коалиција" со лево-ориентираните Социјалдемократи. Конзервативците потоа формираа влада со деловно ориентираните Слободни демократи.

Канцеларката Меркел вети дека новата коалиција ќе спроведе реформи во здравствениот систем на Германија и ќе работи на даночни олеснувања во висина од 36 милијарди долари.

XS
SM
MD
LG