Линкови за пристапност

Премиера на документарниот филм за Мајкл Џексон


Документарниот филм за починатата поп-легенда Мајкл Џексон по истовремената премиера на пет континента во средата доби првични позитивни оценки и на многубројните љубители им даде уште еден поглед на неговиот живот и музика.

На премиерата на „Ова е тоа“ во Лос Анџелес учествуваа браќата на популарниот „Џеко“. Ширум светот, стотици илјади влезници беа разграбани уште пред премиерата. Филмот содржи сцени од пробите за серијата закажани но никогаш неодржани концерти на Џексон во Лондон – тој ненадејно почина во јуни на 50-годишна возраст, додека се подготвуваше за нив.

Дел од обожавателите на Џексон формираа и движење наречено „Ова не е тоа“ и преку Интернет тврдат дека промотерите го втурнале во сплет на околности што довеле до неговата прерана смрт.

XS
SM
MD
LG