Линкови за пристапност

Климатските промени и чистата енергија – главни теми на американско-кинеските разговори


Американскиот секретар за трговија Гери Лок најави дека климатските промени и еколошките видови на енергија ќе бидат на врвот на дневниот ред на трговските разговори на високо ниво неделава во Кина.

Лок кажа дека на средбите во следните два дена во источната провинција Хангџу ќе се заложи за поголем пристап на американски компании во кинескиот сектор за еколошки видови на енергија. Тој смета дека амбициозните кинески планови за производство на енергија од ветрот, како и политиката на намалување на емисијата на гасови и поекономично користење на водата, создаваат потенцијален пазар за американските фирми.

Покрај Лок, на средбите ќе учествуваат и претставникот за трговија Рон Кирк и секретарот за земјоделство Том Вилсак. Тие ќе се сретнат со група кинески претставници предводена од вицепремиерот Ванг Кишан.

Вашингтон и Пекинг ќе бидат клучни играчи на разговорите за климатските промени во декември во Копенхаген.

Разговорите доаѓаат само неколку недели пред првата официјална посета на Барак Обама на Кина и во време на нарасната напнатост меѓу двете земји околу трговските несогласувања.

XS
SM
MD
LG