Линкови за пристапност

Иран во четврток ќе одговори на нуклеарниот предлог на ОН


Иран најави дека во четврток ќе даде одговор на договорот за нуклеарно гориво постигнат со посредство на ОН. Иранските државни медиуми јавија дека иранскиот претставник во Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) Али Ашгар Султани ќе го врачи одговорот на директорот на Агенцијата Мухамед Елбареи во Виена.

Предлогот на ИАЕА предвидува Иран да испраќа ураниум во странство за нуклеарниот процес на негово збогатување од ниско ниво, по што би бил подготвен за иранска употреба во истражувачки реактор. Планот е со цел да го спречи Иран самиот да збогатува ураниум на ниво што би можело да се искористи за изработка на нуклеарно оружје.

Извештај на иранската државна телевизија цитираше неименуван ирански претставник дека земјата ќе ја прифати генералната рамка на договорот, но ќе бара некои „важни измени“.

Договорот веќе го одобрија другите страни вклучени во преговорите - САД, Русија и Франција.

XS
SM
MD
LG