Линкови за пристапност

Девет лица загинаа во напад на Талебан во Кабул


Талебански милитанти убиле девет лица, од кои шестмина вработени во ОН, во напад врз меѓународно престојувалиште во авганистанскиот главен град Кабул.

Властите велат дека рано утрото во средата, тројца вооружени лица со елеци со екслозив и преправени во полицајци го нападнале објектот што го користи персоналот на ОН. Престрелката со чуварите траела два часа пред напаѓачите да го детонираат експлозивот.

Во нападот загинале и тројца Авганистанци, а имало и девет повредени вработени во ОН.

Портпарол на Талебан презеде одговорност за нападот, нарекувајќи го „прв чекор“ кон попречување на вториот круг гласање на претседателските избори, закажан за наредниот месец.

Главниот претставник на ОН во Авганистан Каи Еиде го осуди нападот и рече дека тој нема да ја одврати организацијата да продолжи со мисијата. Амбасадата на САД во Кабул соопшти дека нападите врз цивилните работници, нема да влијаат на намалување на американската поддршка за авганистанскиот народ и изборниот процес.

XS
SM
MD
LG