Линкови за пристапност

Агаси призна дека користел дрога


Тениската легенда Андре Агаси призна дека користел кристален метаамфетамин во 1997-ма и лажел пред тениските власти, кога не го минал тестот за дрога.

Агаси ова го признава во автобиографијата што ќе излезе во продажба следниот месец. Тој на времето испратил писмо до Здружението на тениски професионалци (АТП), во кое го објаснува позитивниот тест со тоа дека случајно се напил од газиран пијалок со кристален кристален метаамфетамин на својот помошник. Тестот подоцна бил отфрлен. Еден од најуспешните и најпопуларни тенисери во историјата на спортот, Агаси таа година падна на 141-то место во светското рангирање. Повторно доживеа процут во кариерата во 1998-ма, кога направи досега најголемо едногодишно враќање меѓу првите десет на АТП-листата. Следната сезона, Агаси го освои Роланд Гарос, а подоцна и Ју-Еу Опен, а 1999-та ја заврши на позицијата број 1.

Агаси освои осум гренд-слем титули и златен медал на Олимписките игри во Атланта во 1996-та пред да се повлече од активното играње во 2006-та.

XS
SM
MD
LG