Линкови за пристапност

НАСА испроба ракета за вселенски летала од нова генерација


Американската вселенска агенција (НАСА) во средата изврши пробно лансирање на новиот вид на ракета Арис I-X.

Лансирањето од Вселенскиот центар Кенеди во Флорида првично требаше да биде извршено во вторник, но беше одложено поради лоши временски услови.

Ракетата достигна брзина четрипати поголема од онаа на звукот и висина од 40 километри за време на двеминутниот лет. Арис ја напушти атмосферата на Земјата и испрати видео-снимки пред да се врати и потоне во Атлантскиот Океан.

Во НАСА велат дека летот бил тест за новите концепти на ракетен дизајн. Програмскиот раководител Џеф Хенли изјави дека успешното лансирање е потврда и доказ дека дизајнот функционира. Работна група, назначена од Белата куќа, претходно предложи да се напушти програмата Арис во полза на други ракетни дизајни.

Инженерите на НАСА се надеваат да добијат вредни информации за перформансот на ракетата од 700-те сензори, колку што имаше на неа. Оваа ракета, што е дел од програмата за наредна генерација на вселенски летови со човечки екипаж, е модифицирана верзија на ракетите - носачи на тврдо гориво на спејс-шатл леталата.

XS
SM
MD
LG