Линкови за пристапност

Обама ќе потпише закон за борба против криминалот од омраза


Американскиот претседател Барак Обама во среда треба да потпише закон со кој ќе се зголеми заштитата од криминал од омраза. Меѓу лицата на кои се однесува оваа мерка се и оние кои се на мета заради нивната сексуална ориентација.

Мерката, наречена Метју Шепард и Џејмс Брд Џуниор Превентивен акт за борба против криминалот од омраза е додаток на предлог законот за овластувања во одбраната што претседателот Обама ќе го потпише во среда попладне по локално американско време.

Шепард, студент на колеџ во федералната држава Вајоминг бил хомосексуалец. Тој во 1998-та година бил претепан до смрт, додека Брд бил со афро-американско потекло. Тој бил врзан за мал камион и влечен, исто така до смрт. Делото го извршиле тројца мажи – белци.

Групата за заштита на правата на хомосексуалците, „Хјуман рајтс кампеин“ ја пофали мерката, а претседателот Обама пред оваа група се обрати порано месецов и вети негова поддршка по прашањата кои влијаат на граѓанските права на хомосексуалците.

XS
SM
MD
LG