Линкови за пристапност

Федералните власти уапсија двајца во Чикаго за терористички напад во странство


Две лица во Чикаго се уапсени за планирање на терористички напад врз весник во Данска поради тоа што објавил карикатури на пророкот Мухамед, соопшти американскиот владин Оддел за правда.

49-годишниот Дејвид Колеман Хедли и 48-годишниот Тахавур Хусеин Рана се обвинети дека планирале напад заедно со терористички организации базирани во Пакистан. Американските власти тврдат дека Хедли годинава на двапати престојувал во Данска, наводно за да ги утврди целите на нападот, како и во Пакистан. Рана, пак, се товари дека помогнал во организирање на патувањата на Хедли и дека со него разговарал за потенцијалните цели на нападот. Хедли е обвинет за заговор да изврши терористички дејствија надвор од САД, а обајцата за заговор да пружат материјална подршка на тероризмот.

XS
SM
MD
LG