Линкови за пристапност

3,4 милијарди долари за обнова на електричната мрежа во САД


Американскиот претседател Барак Обама најави 3,4 милијарди долари владина помош за обнова на мрежата за довод на електрична енергија ширум САД.

Средствата се обезбедени делумно од обемниот пакет за стимулирање на економијата од 787 милијарди долари што Конгресот го одобри нешто порано годинава. Помошта ќе биде распределена на околу 100 приватни компании, производители, услужни дејности, градови и останати партнери ширум земјата, а висината на паричните доделувања ќе биде од 400.000 до 200 милиони долари.

Најавувајќи ја иницијативата во говорот во местото Аркадија во сојузната држава Флорида, Обама кажа дека инвестициите ќе доведат до поисплатлива, посилна и побезбедна електрична мрежа. Од парите ќе се финансираат иницијативи како инсталирање на „умни мерачи“ во милиони домови што ќе им помогнат на потрошувачите да водат сметка колку електрична енергија потрошиле, рече американскиот претседател.

Белата куќа вели дека се работи за најголема модернизација на електричната мрежа во американската историја.

XS
SM
MD
LG