Линкови за пристапност

Октомври најкрвав месец за САД во војната во Авганистан


Со загинувањето на осум американски војници во вторникот во Авганистан, ова е најкрвавиот месец за САД од започнувањето на војната пред осум години.

НАТО јави дека војниците и еден авганистански цивил кој работел за нив загинале во комплексни бомбашки напади во јужен Авганистан. Бројот на американските жртви нарасна на 53, со што го мина претходниот крвав месечен биланс во август, кога имаше 51 загинат.

Министрите за надворешни работи на ЕУ на средбата во Луксембург во вторникот се согласија да ја зголемат цивилната помош за Авганистан и покрај загриженоста дека тамошната ситуација се влошила. ЕУ годишно дава околу 1,5 милијарди долари цивилна помош. Министрите, кои не открија колкаво е зголемувањето, го критикуваа темпото на политичките реформи во Авганистан.

XS
SM
MD
LG