Линкови за пристапност

Караџиќ веќе втор ден го бојкотира судењето во Хаг


Во Хашкиот суд за воени злосторства во поранешна Југославија започна долгоочекуваното судење на Радован Караџиќ, но тој веќе втор ден го бојкотира процесот.

Во уводното излагање, обвинителот Ален Тегер рече дека Караџик бил „врховен командант" на армијата одговорна за етничко чистење врз восанското население за време на војната од 1992-ра до 1995-та година.

Караџиќ реши самиот да се застапува и одбива да присуствува на судењето, инсистирајќи дека му треба повеќе време да ја подготви одбраната.

Судот го одби барањето, а главниот судија О-Гун Квон во вторникот кажа дека ќе разгледа дали да именува адвокат кој би го застапувал Караџиќ доколку тој и понатаму продолжи со бојкотот.

Обвинителите го товарат Караџик дека го организирал масакрот на околу 8.000 муслимански мажи и момчиња во близина на Сребреница во 1995-та година.

XS
SM
MD
LG