Линкови за пристапност

Веб-страница во избор на Гласот на Америка - FoodSafety.gov


Убаво е што овде во САД имаме главно безбедна храна, но одредена контаминација се случува при нејзино процесирање и честопати конзументите ги занемаруваат основните постапки за нејзиното приготвување. Преку веб-страницата FoodSafety.gov, експертите обезбедуваат најнови информации за повлекување на одредени прехрамбени продукти од продавниците, како и совети за начините да го држите вашето семејство безбедно, кога е во прашање храната.

„Страницата е креирана за луѓето да можат да ја најдат потребната информација и притоа не им е потребен „таен код“ за да го сторат тоа. На страницата во моментов можете да дознаете кои производи се повлечени од продажба, но и информации за тоа колку долго можете да ги држите јајцата во фрижидер, на пример“, вели Џени Бакус, портпаролка на Одделот за здравство и здравствени услуги, една од неколкуте владини агенции кои вложија напори да се креира FoodSafety.gov.

Ова е мошне практична веб-страница, бидејќи нуди информации и за теми како купување и подготовка на храната – како да купите одредени производи за да го намалите ризикот од труење со храна, а тука се и безбедните техники на готвење. Доколку мислите дека не се чувствувате добро поради некаков вид на храна, оваа веб страница можно е да ви излезе во пресрет.

„Некои луѓе не знаат што го предизвикува труењето со храна, кога да побарате лекарска помош, што да направите доколку сте болни или кои се сериозни предупредувачки симптоми? FoodSafety.gov нуди и информации како да се почувствуваат физички подобро“, вели Бакус.

Како дополнение, на оваа веб-страница можат да се најдат и совети за тоа како да се одржува безбедноста на храната во услови на вонредни ситуации.

XS
SM
MD
LG