Линкови за пристапност

Осуден јужнокорејски научник во скандал со истражување на клетки што поттикнуваат развој


Јужнокорејскиот суд го осуди научникот за клетки што поттикнуваат развој, Хванг Ву-сук за проневера и измама.

Судот во Сеул најде дека научникот е виновен на крајот од судскиот процес кој траеше повеќе од три години. Хванг е обвинет дека примил средства по лажни изговори и илегално купил ембриони за неговото истражување.

Обвинителството побара четиригодишна казна, но судијата ја намали на две години, што ќе се изврши доколку Хванг го прекрши законот во следните три години.

Хванг тврдеше во 2004-та дека имал голем напредок истражувањето со клетките кои поттикнуваат развој, кое може да помогне во третирање болести како што е Алцхајмеровата. Но, се покажа дека неговото открие е лажно.

XS
SM
MD
LG