Линкови за пристапност

Техеран ветува брз одговор на предлогот на ОН


Иранскиот министер за надворешни работи изјави дека Техеран ќе одговори во следните неколку денови за предлогот од ОН со кој се дозволува Русија да збогатува ураниум за иранскиот истражувачки реактор.

Официјалната новинска агенција го цитираше Манучер Мотаки дека неговата држава може да се согласи да пренесе со брод дел од својот ураниум за процесот на збогатување или, пак, може да одлучи да купи веќе збогатен ураниум.

Тој рече дека независно која опција ќе ја одбере владата, истовремено ќе продолжи да збогатува сопствен ураниум.
Предлогот поддржан од САД за испраќање на иранскиот ураниум во странство има цел да го спречи Иран да збогатува ураниум до фаза со која ќе може да направи нуклеарно оружје.

Коментарите на Мотаки доаѓаат во време кога инспекторите на ОН ги посетуваат иранските нуклеарни постројки со цел да определат дали се користат за мирољубиви цели, на што инсистираат иранските власти.

XS
SM
MD
LG