Либискиот лидер Мoамер Гадафи за прв пат се извини за убиството на британската полицајка Ивон Флечер пред либиската амбасада во Лондон во 1984-та.
Во телевизиско интервју во понеделникот за британскиот ТВ-Канал Скај Њуз, Гадафи рече дека Флечер не била непријател и жали за нејзината смрт. Тој додаде дека се уште не се знае кој го сторил убиството.
Британија ги замрзна дипломатските врски со Либија по убиството во 1984-та. Тие односи беа обновени во 1999-та, откако Либија ја презеде одговорноста за убиството на Флечер и плати компензација на нејзиното семејство.
Претходно месецот, британскиот весник Дејли Телеграф, јави дека истрагата во 2007-ма за убиството на полицајката дошла до докази за покренување обвинение против двајца Либијци кои работеле во амбасадата за загов за нејзина смрт.