Линкови за пристапност

Караџиќ не се појави на првиот ден од судeњето


Во понеделникот во Меѓународниот суд за воени злосторства за поранешна Југославија, започна судскиот процес против Радован Караџиќ, лидерот на босанските Срби за време на војната во Босна и Херцеговина.

Караџиќ одби да се појави во судницата, инсистирајќи дека му е потребно повеќе време за да се подготви за неговата одбрана. Сесијата траеше 20-тина минути.

Обвинителите велат дека по 15 месеци во притвор и во присуство на правни советници да му помогнат, Караџиќ би требало да биде подготвен за судење. Хашкиот трибунал додаде дека ги почитува правата на обвинетиот.

Караџиќ се соочува со 11 обвиненија, вклучувајќи и геноцид, за наводно организирање на масакрот во Сребреница во 1995-та, кога загинаа околу 8.000 муслимански мажи. Бројни роднини на убиените лица допатуваа во Хаг и во понеделникот се собраа пред зградата на трибуналот.

Сослушувањето треба да продолжи во вторник. Караџиќ засега одбива да поднесе жалба, но се изјасни дека не е виновен.

XS
SM
MD
LG