Линкови за пристапност

Три хеликоптери на НАТО се урнаа во Авганистан


Силите на НАТО во Авганистан соопштија дека три коалициони хеликоптери се урнале во два неповрзани инциденти во понеделникот, при што загинале најмалку 11 американски војници и тројца американски цивили.

Во соопштението на Алијансата се додава дека еден хеликоптер се урнал во западен Авганистан откако американските и авганистански трупи упаднале во упориште на милитантите, при што биле убиени 12 осомничени непријателски борци.

НАТО соопшти и дека во инцидентот загинале седумина американски војници и тројца американски цивили. Меѓу повредените се 14 авганистански војници, 11 американски трупи и еден американски цивил.

Причината за несреќата се` уште не е утврдена, но претставници на НАТО велат дека не веруваат оти хеликоптерот бил соборен од страна на бунтовниците.

Во друг инцидент во јужен Авганистан, се судриле два хеликоптера, при што загинале четворица американски војници, а повредени се двајца други.

НАТО вели дека надлежните продолжуваат со истрагата за овој случај и потенцираше дека не се работи за непријателски оган.

XS
SM
MD
LG