Линкови за пристапност

САД: Бурма, Кина и Куба - најголеми непочитувачи на верските слободи


Годишниот извештај за меѓународни верски слободи, што го нотира статусот на почитувањето на таквите слободи во сите држави, беше објавен во понеделник. Го покрива периодот од јули 2008 до јуни 2009.

Во него се именуваат Авганистан, Иран и Северна Кореја меѓу државите кои се „ангажирале или толерирале особено тешки прекршувања на верските слободи“.

Извештајот исто така посочи на напорите да се подобри почитувањето на верските слободи, како во случајот на Бахраин, Индија и Србија.

Кина и Саудиска Арабија се наведени како примери за големи религиозни органичувања, како и за делумни подобрувања за време на споменатиот период.

XS
SM
MD
LG