Линкови за пристапност

ФБИ: 52 деца спасени од проституција во САД


Американските власти јавија дека најмалку 52 деца се спасени во тридневна рација во повеќе градови во САД кои биле мета на детска проституција.

ФБИ јави дека близу 700 лица се упасени во рации во 36 градови ширум САД.

Рациите се дел од иницијативата на борбата против детската проституција.

Агенцијата јави дека откако е почната иницијативата во 2003-та, околу 900 деца се спасени, а повеќе од 500 обвиненија резултираа со долги затворски казни за извршителите и повеќе од три милиони долари запленети средства.

ФБИ вели дека мета на истрагата биле паркинзи за камиони, казина, прометни улици и Интернет.

Агенцијата вели дека бројката на спасени деца при последните рации покажа дека детската проституција продолжува да биде значителен проблем во САД.

XS
SM
MD
LG