Авганистанскиот претседателски кандидат Абдула Абдула бара смена на шефот на изборната комисија пред одржувањето на вториот круг претседателски избори во земјата.
Абдула пред новинарите во Кабул истакна дека шефот на авганистанската независна изборна комисија нема кридибилитет и веднаш треба да биде сменет од функцијата.
Претседателските избори на 20-ти август беа обележани со широкораспространети неправилности. Официјални лица од ОН соопштија дека во некои области, изборните лица биле вмешани во полнење на гласачките кутии.
Меѓународните набљудувачи изразија загриженост дали земјата ќе може да одржи кредибилно гласање со оглед на кусиот период на подготовка за вториот круг.
И покрај загриженоста, претседателот Хамид Карзаи и Абдула Абдула ја отфрлаат можноста за поделба на власта, истакнувајќи дека вториот круг на гласање мора да се одржи според најавеното.