Ирачките власти велат дека од двете силни експлозии на автомобили бомби во централен Багдад во неделата, загинаа 155 лица, а преку 500 се повредени.
Речиси истовремено изведените напади, се случиле во таканаречената „Зелена зона“, а се чини дека целта биле општинската владина зграда и Министерството за правда.
На местото на настанот биле видливи остатоци од човечки тела, а од експлозиите е причинета и огромна материјална штета.
Ирачкиот премиер изјави дека целта на нападите била да креираат нестабилност и да го спречат Ирак да ги одржи планираните избори во јануари. Канцеларијата на Нури ал-Малики за инцидентот ги обвини припадниците на Ал Каида и на Баатистичката партија, иако засега никој не ја презел одговорноста за нападот.
Лидерите на САД, ОН и НАТО ги осудија нападите како бесчувствителни акти на насилство.