Американскиот потпретседател Џо Бајден обезбеди чешка поддршка за американскиот план за одбрана од проектили откако истиот го поддржаа НАТО сојузниците Полска и Романија.
Бајден се сретна со чешкиот премиер Јан Фишер, кој рече дека неговата земја е подготвена да учествува во новиот план.
Бајден рече дека Вашингтон ќе испрати тим од стручњаци во Прага следната недла за договарање на деталите.
Прага претходно изрази разочараност за одлуката на претседателот Барак Обама да го промени планот за изградба на противракетен штит во Чешката Република и во Полска.
Бајден даде уверување дека новиот систем е подобар начин да се заштитат Европа и САД од потенцијални закани од проектили од земји како Иран.
Ревидираниот план е фокусиран на пресретнувачи со краток и среден дострел, додека предлогот од поранешниот претседател Џорџ Буш беше за уништување проектили со долг дострел.