Линкови за пристапност

Секојдневно користење на Интернет – од полза за постарите


Изреката „се губи тоа што не се користи“ особени важи за функцијата на мозокот кај постарите луѓе кои го користат Интернетот, вели професорот по психологија, Гери Смол.

„Сложени вештини за резонирање, вештини за работа, краткорочна меморија – сите овие делови на мозокот се активирани како резултат на еднонеделно користење на Интернет“, вели Смол.

Смол и група научници од Универзитетот Калифорнија во Лос Анѓелес, студијата ја вршеле врз 24-ца поединци на возраст меѓу 55 и 78 години. Половина од нив го користеле Интернетот секојдневно. Учесниците од другата група немале искуство со комјутери.

На сите доброволци е извршено сканирање на мозокот додека вршеле симулирани интернет активности. И обете групи покажале активности во мозочните предели што го контролираат јазикот, читањето, меморијата и визуелните способности. Групата испитаници со претходни познавања од Интернет, покажала активност во деловите од мозокот важни за меморијата и донесувањето на одлуки.

По куса обука за тоа како да користат Интернет, лицата биле испратени дома за да направат истражување на Интернет за време на седумчасовни сесии и во рок две недели.

„Од нив побаравме да пронајдат локации за планинарење или други теми од интерес за оваа старосна група. Откривме дека го познаваат материјалот“, вели Смол.

Учесниците во студијата потоа биле испратени на второ сканирање на мозокот.

„Првично, забележана е поголема мозочна активност кај луѓето со поголеми познавања на Интернет, меѓутоа лицата кои претходно немале никакви познавања, успеале да се вклучат во рутината за само една недела“, вели Смол.

Овој експерт објаснува дека со стареењето, мозокот минува низ бројни психолошки промени, како намалување на обемот и намалување на активностите на мозочните клетки. Сето ова може да влијае врз когнитивните функции.

XS
SM
MD
LG