Линкови за пристапност

Зголемена продажбата на домови во САД


Расте бројот на продадени домови во САД, и заклучно со септември ова е највисоко ниво на продадени домови во период од две години. Трендот се должи на предноста на владините даночни отстапки за Американците.

Во извештајот на деловната група Национална асоцијација за домување, се наведува дека доколку темпото од септември продолжи во тек на цела година, во САД се очекува да бидат продадени 5,6 милиони домови.

Рокот за владината даночна помош од 8.000 долари за лица кои прв пат купуваат стан или куќа, истекува на крајот на ноември, и токму затоа бројот на продадени домови нарасна на преку девет проценти.

Колапсот на секторот за домување, имаше клучна улога во економската криза, што пак резултираше со најлоша рецесија на глобалната економија со децении наназад.

XS
SM
MD
LG