Линкови за пристапност

Министрите на НАТО поддржаа широк план против бунтовниците во Авганистан


Министрите за одбрана на НАТО на средбата во Словачка поддржаа широк план против бунтовништвото во Авганистан, сличен на оној што го предложи главниот командант на силите на САД и НАТО во оваа земја, кој побара ново засилување.

Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен кажа дека министрите имаат „генерално заедничко мислење“ за тоа дека Авганистан мора да се направи доволно силен за да се брани самиот. Расмусен во петокот истакна дека постои поддршка за стратегијата за стабилизирање на целата територија на Авганистан, отколку да се гонат поединечни терористи.

Американскиот и командантот на НАТО во Авганистан Стенли Мекристал поддржува слична стратегија и од претседателот Барак Обама побара да испрати дополнителни сили во земјата за нејзина реализација.

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс, кој учествува на министерскиот состанок на НАТО во Братислава, изјави дека е охрабрен од заложбата на Алијансата во Авганистан. И покрај тоа што Белата куќа се` уште нема донесено одлука за испраќање на дополнителни сили во Авганистан, САД остануваат посветени на мисијата во оваа земја, рече Гејтс.

XS
SM
MD
LG