Линкови за пристапност

Авион го минал местото на слетување


Американската служба за безбедност во сообраќајот поведе истрага за тоа како авионот на компанијата Нортвест ерлајнс во рок од над еден час загубил контакт со контролата на летање и ја прелетал крајната дестинација.

Според официјални лица, инцидентот се случил во средата навечер кога авионот од типот Ербас А320 полетал од Сан Диего, Калифорнија, на пат за Минеаполис - Сент Пол, Минесота. Авионот го поминал аеродромот во Минеаполис и продолжил да лета кон северозапад за уште 241 километар.

Контролорите за летање конечно успеале да воспостават контакт со пилотите кои тврдат дека се деконцентрирале поради „вжештената дискусија за воздухопловната политика“.

Во авионот, што на крајот слетал без проблеми, имало 147 патници и членови на екипажот.

XS
SM
MD
LG