Линкови за пристапност

ОН:  Состојбата со човековите права во Северна Кореја „крајно лоша“


Специјалниот претставник на ОН за состојбата со човековите права во Северна Кореја Витит Мунтарбор вели дека ситуацијата во Северна Кореја е „крајно лоша“ и дека народот страда под репресивниот режим во земјата.

Мунтарбор наведува дека 9 милиони од вкупно 24-те милиони жители на Северна Кореја гладуваат. Претставникот на ОН смета дека тоа се должи и на недоволната меѓународна помош - состојба што, според извештајот, била предизвикана од ракетните и нуклеарни тестови на Пјонгјанг.

Специјалниот известувач на ОН тврди дека Северна Кореја има поголеми залихи на природни ресурси од ривалот Јужна Кореја, но дека не троши ништо од профитот на сопствениот народ. Мунтарбор наведува и дека режимот создал менталитет на страв во земјата, каде и обичните граѓани, и владините претставници се под притисок да бидат информанти и да се поткажуваат. Според него, граѓаните се предмет на судски гонења, тортури, произволни и јавни егзекуции, а ако некој биде фатен да чита книга од Јужна Кореја, може да биде обвинет за шпионажа.

XS
SM
MD
LG