Линкови за пристапност

Повторно напади во Пакистан - најмалку 23-ца загинати 


Во два бомбашки напада и друга експлозија во Пакистан во петокот загинале најмалку 23 лица, соопштија властите во оваа земја.

Во првиот инцидент, бомбаш-самоубиец активирал експлозив во близина на армиски објект, при што загинале 8, а биле повредени 13 лица. Инцидентот се случил на контролен пункт пред Пакистанскиот аеронаутички комплекс во Камра, западно од главниот град Исламабад.

Од експлозија на автомобил-бомба пред ресторан во северозападниоит град Пешавар, пак, биле повредени најмалку осум лица.

Во племенскиот регион Моманд, во напад врз автобус во кој се наоѓале цивили, загинале 15 лица. Извештаите се контрадикторни, дека или експлозијата е причинета од мина, или од бомба активирана преку далечински управувач.

Милитантните напади се во пораст во Пакистан од почетокот на големата армиска офанзива против Талебан во Јужен Вазиристан.

XS
SM
MD
LG