Линкови за пристапност

ОН:  Трговијата со дрога во Авганистан – катастрофална за другите земји


Канцеларијата на ОН против дрога и криминал вели дека глобалните последици од илегалната трговија со дрога во Авганистан се „катастрофални“ и за проблемот ја обвинува „бенигната небрежност“.

Канцеларијата во средата објави студија во која стои дека стотици тони на опиум и хероин што секоја година се шверцуваат од Авганистан имаат смртоносен ефект во земјите долж главните канали за трговија на дрога од Европа до Азија. Авганистан произведува преку 90 проценти од целиот опиум во светот и поголем дел од него се преработува во хероин.

Студијата на ОН проценува дека властите во Авганистан пресретнуваат само два процента од дрогата произведена во земјата секоја година. За споредба, ОН ја наведуваат Колумбија, каде властите или запленуваат, или уништуваат околу 36 проценти од годишното производство на кокаин.

XS
SM
MD
LG