Линкови за пристапност

Гејтс ветува отпор за нуклеарната закана од Северна Кореја


Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс вели дека нуклеарните програми на Северна Кореја имаат дестабилизирачки ефект и на регионално, и на меѓународно ниво.

Гејтс ова го кажа во четвртокот во Сеул, каде учестуваше на годишната американско-јужнокорејска конференција посветена на безбедносни прашања. Првиот човек на американската одбрана најави дека САД ќе продолжат да обезбедуваат широка помош за Јужна Кореја во нуклеарното одвраќање, вклучувајќи ја тука и заштитата од евентуален нуклеарен напад.

САД и Јужна Кореја се дел од шестраните разговори чија цел е да се убеди Северна Кореја да се откаже од својата нуклеарна програма. Комунистичкиот режим се повлече од разговорите во април, откако меѓународната заедница го критикуваше лансирањето на ракета за кое се смета дека претставуваше тест за капацитетот на проектили со долг домет. Северна Кореја сега вели дека е подготвена да се врати на преговарачката маса, но само доколку и` се овозможи директен дијалог со САД.

XS
SM
MD
LG