Кина вели дека нејзината економија во третиот квартал од годинава забележала пораст од 8,9 проценти, со што е на добар пат да постигне 8 проценти годишен растеж што го посакуваат водачите на земјата. Трендот во третиот квартал претставува pораст од еден процент споредено со вториот, а дури 6,1 процент споредено со првиот квартал од 2009-та.
Кинескиот бруто домашен производ нараснаl на 7,7 проценти во првите девет месеци од 2009, споредено со истиот период минатата година.
Владата презеде серија чекори во екот на глобалната економска криза за да ја стимулира економијата што во најголем дел се базира на извоз, како на пример обемниот владин пакет-помош во висина од 586 милијарди долари, наменет за проекти во инфраструктурата. Владата воедно го преплави банкарскиот систем со пари во готово, за да ги поддржи позајмувањето, потрошувачката и инвестициите.