Линкови за пристапност

Музичари бараат одговор дали нивни песни биле користени за тортура во Гванатанамо


Неколку музички ѕвезди бараат да се утврди дали нивната музика била користена при тортурата на притвореници во американската база Гвантанамо на Куба.

Членови на групите „Перл џем“ и „Р.Е.М.“ како и Трент Резнор од „Најн инч неилс“ се меѓу музичарите кои се вклучија во новата кампања за обелоденување на владините документи за тортура поврзана со музика. Иницијативата ја организираше новоснованата „Национална кампања за затворање на Гвантанамо“, која тврди дека притворениците биле изложени на гласна музика како дел од тактиката на испрашување. Организацијата тврди дека со сигурност знае дека музиката на групата „Рејџ агеинст д` машин“ била употребена за тортура.

Гитаристот на групата Том Морело изјави: „Ме згрозува фактот дека музиката што ја создавам се користела во злосторства против човештвото“.

Претседателот Барак Обама се заложи да го затвори Гвантанамо до јануари, но виши владини лица сега велат дека не е веројатно дека рокот ќе биде исполнет, бидејќи логистички проблеми го одолговлекле процесот. Во Гвантанамо се наоѓаат уште околу 200 притвореници. Специјална група врши преглед на секој случај поединечно за да утврди на кои затвореници ќе им биде судено, а кои може да бидат испратени дома или во друга земја.

XS
SM
MD
LG