Линкови за пристапност

Расмусен:  Сојузниците да останат посветени на мисијата во Авганистан


Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен повика на поголем ангажман во Авганистан, велејќи дека тамошната војна е најсложениот предизвик на Алијансата досега.

Во обраќањето воочи средбата на министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО во Словачка, Расмусен кажа дека Алијансата мора да остане фокусирана на целта за постигнување на стабилност во Авганистан.

Во однос на резервираноста на одредени членки за поинтензивен ангажман во Авганистан, Расмусен рече дека „цената да не се дејствува би била уште поголема“.

Се очекува американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс на средбата да ги информира колегите за прегледот што САД го направија на својата воена стратегија во Авганистан. Претседателот Барак Обама размислува за нова стратегија во оваа земја, при што го зеде предвид и барањето на американскиот генерал во Авганистан, Стенли Мекристал, за испраќање на дополнителни десетици илјади војници.

На министерската средба во Братислава министрите треба да разговараат и за новиот американски план за противракетна одбрана во Европа.

XS
SM
MD
LG