Вишо официјално лице најави дека владата на претседателот Барак Обама планира да им наложи на компаниите што примија милијарди долари владина помош поради финансиската криза драстично да ги намалат платите на нивните главни директори.
Лицето, кое говореше под услов да остане анонимно, вели дека владата ќе побара од седум компании, кои примија најголема помош од буџетските средства собрани од даночните обврзници, да ги намалат годишните примања на 25 највисоко платени извршни директори и тоа во просек за 90 проценти во однос на минатата година. Тоа значи дека целосната компензација на овие лица ќе се намали во просек за 50 проценти.
Седумте компании се Бенк оф Америка, Ситигруп, АИГ, Џенерал моторс и Крајслер, како и финансиските оддели на последните два автопроизводитела.
Според истиот извор, одлуката ќе ја објави владиниот Оддел за финансии во наредните неколку дена.
Аналитичарите коментираат дека „сечата“ на платите ја покажува чувствителноста на владата на Обама на се` поголемото јавно незадоволство поради обилно платените извршни директори на компаниите кои примија владина помош.