Мајкрософт, најголемиот производител на софтвер во светот, обелодени нова верзија на својот оперативен систем со чија помош функционира поголемиот дел од комјутерската мрежа во светот.
Системот е наречен Виндоус 7 и претставници од Мајкрософт велат дека решава многу од проблемите што беа причина за фрустрациите на претходната верзија на оперативниот систем – Виста.
Системот кој беше претставен во четвртокот е достапен за нови компјутери и како надградба на некои постари верзии на комјутерите. Оценките се дека новиот систем е побрз, побезбеден и обезбедува полесна употреба споредено со неговиот претходник. Негативен аспект, според аналитичарите, е самата постапка на надградба на Виндоус 7.
Критиката вели дека ова е прв вистински ривал на оперативниот систем на Епл – О-Ес-Икс.