Американскиот Оддел за правда вели дека изминативе два дена во САД се уапсени преку 300 лица, како дел од големата операција која цели на мексиканскиот картел за дрога Ла Фамилиа.
Американскиот главен правобранител Ерик Холдер во четвртокот изјави дека најновите апсења се дел од 44-месечната истрага на неколку агенции за спроведување на законот, позната како Проект Коронадо.
Тој истакна дека картелот е активен и во САД. Холдер вели дека само во изминативе два дена, властите заплениле преку еден тон илегални наркотици и стотици парчиња оружје и возила. Четиригодишната операција резултираше со апсење на речиси 1.200 лица.
Холдер додаде дека опрацијата му нанела голем удар на картелот Ла Фамилиа, насилна група со седиште во југозападната мексиканска држава Микокан, која шверцува големо количество на дрога во САД.