Линкови за пристапност

Истрага во Италија за пораките на Фејсбук - „Убијте го Берлускони“


Италијанските претставници спроведоа истрага за повиците за атентат на италијанскиот премиер Силвио Берлускони, објавени на веб страницата за социјализирање, Фејсбук.

На Фејсбук постојат најмалку две различни групи, со околу 16 илјади членови, кои повикуваат на смрт на премиерот.

Италијанската полиција побара од Фејсбук, со седиште во Калифорнија да ги деактивира овие веб страници. Со истиот повик за прекин на активноста на овие страници се огласи и опозицискиот лидер Дарио Франкечини.

Веб страниците се креирани минатата година, но неодамна привлекоа нови членови, заради правните проблеми и приватниот живот што го ставија Берлускони во центарот на вниманието.

XS
SM
MD
LG