Линкови за пристапност

Од заседа убиен пакистански армиски офицер во Исламабад


Две лица од заседа во четвртокот во Исламабад убиле виш армиски офицер и еден војник, соопшти пакистанската полиција. Напаѓачите, кои биле на мотоцикл, отвориле оган врз возилото во кое се наоѓале офицерот и војникот во дел на градот каде живее голем број армиски лица. Во нападот бил ранет еден војник.

Напаѓачите успеале да побегнат. Засега никој не презеде одговорност за нападот.

Во последните неколку недели, милитантите извршија серија напади врз полициски центри за обука, армиски седишта, исламски универзитет и канцеларија на ОН. Повеќето училишта ширум земјата ќе бидат затворени до недела од безбедносни причини.

Нападите се сметаат за одмазда поради тековната армиска офанзива против базата на Талебан во Јужен Вазиристан. Пакистанските владини сили вршат операции на неколку фронта во овој племенски регион. Областа се смета за засолниште на водачот на пакистанскиот Талебан, Хакимула Месуд.

XS
SM
MD
LG