САД и Израел во средата започнаа двонеделна заедничка воена вежба за тестирање на системите за противракетна одбрана што би можеле да се употребат за одвраќање на напади против Израел од Иран.
Израелската армија вели дека во вежбата учествуваат околу 1.000 американски војници и приближно ист број на израелски сили.
Вежбата, во која ќе се симулираат ракетни напади врз Израел, ќе ги тестира системите за пресретнување стационирани на копно и на море.
Иран има тестирано проектили со капацитет да достигнат до Израел, а има и најавено дека би се одмаздил за евентуален напад од Израел или САД.