Линкови за пристапност

Гејтс:  Северна Кореја станува се` поопасна


Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс вели дека Вашингтон никогаш нема да прифати нуклеарно наоружана Северна Кореја. Тој ова го изјави пред група американски и јужнокорејски воен персонал кусо време откако пристигна во Сеул, во рамки на турнејата низ Азија. Заканата што произлегува од изолираниот режим станува „се` поопасна и дестабилизирачка“, рече Гејтс.

САД учествуваат во шестраните разговори чија цел е да се убеди официјален Пјонгјанг да се откаже од програмата за нуклеарно оружје во замена за економска помош.

Северна Кореја минатиот декември ги напушти преговорите и официјално се повлече во април, откако меѓународната заедница го критикуваше лансирањето на ракета од страна Пјонгјанг за кое се претпоставуваше дека всушност претставува тест на технологија на проектил со долг домет.

Севернокорејскиот режим сега вели дека е подготвен да се врати на преговарачката маса, но само доколку САД се согласат на билатерални разговори.

XS
SM
MD
LG