Линкови за пристапност

Полска подготвена да го прифати новиот систем за противракетна одбрана на САД


Полскиот премиер Доналд Таск вели дека земјата е подготвена да учествува во видоизменетиот план за противракетна заштита што минатиот месец беше претставен во Вашингтон. Таск ова го изјави во Варшава по средбата со американскиот потпретседател Џо Бајден. Полскиот водач истакна дека неговата влада го смета новиот план на САД за систем за противракетна одбрана за „интересен и важен“.

Бајден кажа дека американската поддршка за Полска не попуштила и ` и оддаде признание на земјата што го прифатила новиот план. За Бајден тој е „подобар начин“ за одбрана од растечката ракетна закана.

Според промените, во Полска би бил инсталиран антибалистички систем на американската морнарица „Стандарден проектил - 3“. Американски одбранбени претставници велат дека пресретнувачите на проектили, чија цел е да одвратат претпоставениот ирански нуклеарен арсенал, ќе бидат распоредени и на американските морнарички бродови во Северното Море и Медитеранот.

Претседателот Барак Обама минатиот месец го отфрли планот за противракетна одбрана во Европа предложен од поранешниот претседател Џорџ Буш, по едногодишното енергично противење на него од страна на Русија.


XS
SM
MD
LG