Линкови за пристапност

Пакистан ќе му помогне на Иран во врска со бомбашкиот напад


Пакистанскиот министер за надворешни работи Шад Махмуд Куреши кажа дека неговата земја ќе соработува со Иран во врска со бомбашкиот напад од неделата во кој загинаа 57 лица. Иран бара Пакистан да го испорача водачот на сунитска милитантна група кого властите во Техеран го обвинуваат за насилството.

Куреши потврди дека иранска делегација наскоро ќе го посети Исламабад за да разговара за нападот што се случи во иранската покрина Систан-Балучистан.

Сунитската милитантна група Џандала презеде одговорност за насилството во кое меѓу загинатите се и 14 членови на иранската Револуционерна гарда.

Ирански претставници велат дека милитантите се базирани во Пакистан и бараат од властите во Исламабад да го испорачаат водачот на Џандала, Абделмалек Риги.

Куреши коментираше дека тероризмот е регионален проблем и дека земјите - соседи мора да соработуваат за да се спротистават на него.

Иранската Студентска новинска агенција јави дека Иран побарал и од Интерпол да помогне во апсењето на Риги.

XS
SM
MD
LG