Линкови за пристапност

Елбарадеи постави рок за постигнување договор за збогатениот ураниум


Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) им даде на Иран и на светските сили рок до петок да постигнат договор за процесот на збогатување ураниум што би ја намалил загриженоста на Западот за иранската нуклеарна програма.

Мохамед Елбарадеи ова го објави по завршувањето на двоиполдневните разговори меѓу Иран, Русија, Франција, САД и Агенцијата. Разговорите се одржаа во седиштето на ИАЕА во Виена.

Преговарачите дискутираа за предлогот ураниум од Иран да биде испраќан во Русија и Франција каде би се преработувал во гориво за реактори, но разговорите западнаа во ќорсокак откако Иран изрази противење на можноста директно да соработува со Франција.

Елбарадеи рече дека неговиот нов предлог ја вклучува Франција , но не кажа во какво својство.

Иранскиот амбасадор во ИАЕА Али Асгар Солтани изјави дека неговата земја целосно соработува и ги окарактеризира разговорите како конструктивни и интензивни.

XS
SM
MD
LG