Линкови за пристапност

Клинтон:  Спречувањето на севернокорејските и ирански нуклеарни амбиции е клучно


Санкциите против Северна Кореја нема да бидат олеснети се` додека официјален Пјонгјанг не преземе потврдливи и неповратни чекори кон целосна денуклеаризација, рече американската државна секретарка Хилари Клинтон во говор во Американскиот институт за мир во Вашингтон.

Според главниот задолжен за американската дипломатија, Пјонгјанг „не треба да има илузии“ дека САД ќе имаат нормални односи без санкции со нуклеарно вооружена Северна Кореја. Клинтон рече дека САД се подготвени да се сретнат билатерално со Северна Кореја, но дека враќањето на Пјонгјанг на преговарачката маса не е доволно за понормални односи со Вашингтон.

Спречувањето на северенокорејските и иранските нуклеарни амбиции е од клучно значење да се постигне глобален поредок на неширење на оружјето за масовно уништување, смета Клинтон. Таа рече дека вратата за подобра иднина за Иран е отворена, но дека можноста за вклучување во процесот не може да стои бесконечно без да биде одговорено на неа.

XS
SM
MD
LG