Линкови за пристапност

Лице од Масачусетс обвинето за терористички заговор


Американските власти обвинија 27-годишно лице од сојузната држава Масачусетс дека планирал терористички чинови како убиства на посетители во трговски центри и вработени во американската влада.

Помошник-јавниот обвинител Мајкл Лукс во средата соопшти дека Тарек Механа се товари за заговор да пружи материјална поддршка на терористи. Тој тврди дека Механа и други заговорници повеќепати разговарале како да дојдат до автоматско оружје за напад врз трговски центар, но се откажале бидејќи не успеале да го набават. Механа наводно планирал и други напади, меѓу што и убиство на двајца членови на извршната гранка на американската влада.

Обвинението наведува и дека Механа и заговорниците разговарале за „насилен џихад против американските интереси“, вклучително и против американските и сојузничките сили во Ирак, како и за нивната желба „да загинат на бојното поле“.

Доколку биде осуден за виновен, Механа може да добие до 15 години затвор за материјална поддршка на тероризам.

XS
SM
MD
LG