Линкови за пристапност

Одложени разговорите за иранската нуклеарна програма


Разговорите во Виена за иранската нуклеарна програма беа одложени откако ирански претставник кажа дека Франција не е потребна на средбата.

Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) не даде причина за одложувањето на почетокот на вториот ден од дискусијата меѓу претставници на Иран, Русија, САД и Агенцијата. Затоа, пак, Ројтерс цитираше дипломати дека паузата е поради ќорсокакот околу учеството на Франција.

Преговарачите дискутираа за предлогот Иран да испраќа ураниум во Русија и Франција каде би се преработувал во гориво за реактори.

До одложувањето дојде откако иранскиот министер за надворешни работи Манучер Мотаки во Техеран изјави дека нема потреба од Франција во каков и да е договор за иранската нуклеарна програма. Тој додаде дека соработката со САД и Русија под надзор на ИАЕА ќе биде доволна да се постигне спогодба.

XS
SM
MD
LG