Линкови за пристапност

Иран: загинале 15 членови на Револуционерната гарда во нападот во неделата


Иранските државни медиуми јавија дека најмалку 15 членови на Револуционерната гарда се меѓу 42-цата загинати во самоубиствениот бомбашки напад во југоисточен Иран во неделата. Властите претходно соопштија дека во инцидентот што се случил во провинцијата Систан-Балучистан загинале шест команданти на Револуционерната гарда.

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Каменеи рече дека Техеран ќе ги казни одговорните за нападот, а кривицата ја фрли врз платениците на „глобалната арогантност“ – термин што го користи кога ги опишува САД.

Според иранските медиуми, главниот командант на Гардата, генералот Мохамед Али Џафари повикал на одмазнички чинови против американски и британски разузнавачки агенции за кои вели дека им помогнале на бомбашите.

Сунитската милитантна група Џандала презеде одговорност за нападот во соопштение објавено на Интернет.

Џафари исто така обвини пакистански разузнавачки агенти за поврзаност со Џандала. Владите на Пакистан, САД и Британија го осудија нападот и порекнаа секаква вмешаност.

XS
SM
MD
LG